Отворени се огласи во повеќе општини, но и јавни претпијатија за стотина работни места. Зависно од позицијата платите се движат меѓу 14.000 и 35.000 денари.
Најмногу луѓе ќе се вработуваат во Град Скопје. Според огласите 23 лица се бараат да се вработат во Град Скопје, а ова не е прв оглас за работа во администрација на Градот.
Вработувањата на неколку месеци пред избори спроед експертите се традиција во државата и тоа негативно влијае врз перцепцијата на граѓаните за институците дека се транспарентни и дека можат да имаат доверба во нив.
Според познавачите погрешно е и тоа што од државниот буџет се покриваат загубите на општините додека државата вработува административни работници и се трошат пари за луксузирање.
Експертите велат дека власта нема волја за реформи и дека се тераат старите шеми во предизборието е тоа се огромни вработувања на грбот на државата во и онака огромната и нефункционална администрација која власта рече дека ќе ја намалува но според информациите го прави сосема спротивното.
Според професорот Давитковски смешно и чудно е што приватните фирми во државата долго не можат да најдат работници додека за вработување во јавниот сектор веднаш се наоѓаат соодветни кадри и кандидати.