Власта во ек на пандемија прави криминал и сака да профитира од превозот на нашите сограѓани од странство

Власта во ек на пандемија прави криминал и сака да профитира од превозот на нашите сограѓани од странство до Македонија, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО ДПМНЕ.

-Нашите граѓани кои доаѓаат од странство, за разлика од луѓето од другите држави кои се гржат за сопствените држвјани, сами си го плаќаат превозот. Владата не покрива ништо! Неажурноста на власта ги остава луѓето по цел ден во автобуси, без храна, вода и можност да излезат. Власта фатена во криминал се жали за притисок. Притисок ќе има кога ќе имаме независно судатво и органи на прогонот кои ќе ги обелоденат матните зделки, потенцираат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека одговорност мора да има. Здравјето и безбедноста на граѓаните немаат цена.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.