Власта во очаен обид да промовира нарачани анкети на кои води Заев

Последната анкета која ја објави скопската „Брима“ ДОО Скопје е една од ретките на кои се прогнозира победа на СДСМ на претстојните избори. Анкетата беше промовирана од весникот „Слободен pечат“, медиумот кој изминатиот перид имаше огромни бенефиции од власта на Зоран Заев. Имено заклучно со 2020 година „Отворени финансии“ бележат 18 страни уплати, а на секоја стана има по 103 уплати. Тоа значи дека од буџетот, на „Слободен печат“ му се префрлени 1.854 уплати во вкупна вредност од 37.270.197 денари или 606.020 евра. Овој медиум ја ангажираше скопската компанија „Брима“ ДОО да направи анкета, во која потоа логично води СДСМ.

Но и „Брима“ ДОО самата е контроверзна. Како oсновач на оваа агенција се наоѓа ликот Андреј Рајчев, бугарски социолог кој македонската јавност го памети по тоа што е главен идеолог за идејата на отворање на бугарски универзитет во Скопје. Тој во интервју за бугарски медиум кажа:

„Наш интерес е тие да знаат за Бугарија. Зошто, на пример во Скопје да нема бугарски универзитет?“.

Дополнително Рајчев има исклучително негаторски став кон Македонците и македонската нација.

„Србија со една многу подмолна политика успеа да оддели едно парче од Бугарите и да ги претвори во самостојна нација“, е теза на Андреј Рајчев еден од основачите на „Брима“ ДОО во Македонија, агенцијата која ја прави анкетата за потребите на Зоран Заев, а на која фризирано СДСМ води, сметаат од ВМРО-ДПМНЕ.

Рајчев е посочуван и во Бугарија како социолог бизнисмен кому не му е битна бојата на парите и кој за добар хонорар исполнува политички порачки. Впрочем бугарските медиуми шпекулираат дека само куќата во која живее Рајчев е вредна околу еден милион евра.

„Брима“ Доо Скопје не е исто што и „Брима Галуп“ Интернешнл, но очигледно власта на Заев ја гледа како добра копија во која ќе ги пушти своите фабрикувани анкети. Долго време словенечката агенција ИФИМЕС изработуваше вакви анкети, но кога излезе скандалот во јавноста дека добивале државни пари, сега Заев нашол нова бугарска агенција.