Власта врши притисок врз пратениците од новото парламентарно мнозинство

Имаме информации дека вчера се правеле притисоци врз некои пратеници потпишани на иницијативата за изгласување недоверба на актуелната влада, обвини лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој објави дека заедно со Левица, ААА и Беса имаат ново парламентарно мнозинство.

-Методите на власта се тие и се познати. Но немам информации дали некој од овие пратеници се поколебал – изјави Мицкоски, кој денес на прес-конференција најави дека ќе почнат постапка за недоверба на владата ако премиерот Зоран Заев до понеделник не поднесе оставка.