Власта забранува јавно да се зборува за пропустите поради кои четири бебиња починаа (ВИДЕО)

Марија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ, која во неделата сакаше пред Клиниката за гинекологија и акушерство (ГАК) да одржи прес-конференција за медиумите беше избркана од обезбедувањето вработено од новата Влада.

Со дрски наредби, обезбедувањето на Клиниката ја избрка Андоновска, но и сите присутни новинарски екипи.

Цела Македонија е потресена од големата трагедија која се случи на Клиниката за Гинекологија. Само надлежните молчат и не сакаат да прземат одговорност.

Четири новороденчиња ги загубија животите на ГАК. Премиерот Зоран Заев го штити министерот за здравсто Арбен Таравари за да ја спаси коалицијата со неговиот партиски челник Зијадин Села без чии пратеници би го загубил мнозинството во парламентот.

Од одговорност ја спаси и новата директорка на ГАК, Викторија Јовановска, која е пријателка со неговата сопруга Зорица Заева.

Сега, одговорните се обидуваат да ги замолчат сите кои сакаат да зборуваат за оваа трагедија и да бараат одговорност.