Властите ги идентификуваат најдените остатоци од авион

Властите ги идентификуваат најдените остатоци од авион
Властите ги идентификуваат најдените остатоци од авион

Започна идентификацијата на најдените остатоци од авион, поточно делот од авионското крило кој вчера беше откриен на брегот на Сан Андре, на островот Реунион во Индискиот океан.

Тие ги измериле димензиите на авионскиот дел, како и школките кои се залепиле за него и ја проценуваат неговата истрошеност. Првата констатација е дека авионскиот дел престојувал подолго време во вода.

Авионскиот дел е долг околу два метри и биле потребни 5 лица за да го пренесат. Анализите продолжуваат и натаму, со оглед дека секој авионски дел е со референца и може да се пронајде на кој авион му припаѓа, пренесува МИА.

Во истражувањето на пронајдените остатоци од авион на францускиот остов ќе учествуваат и експерти од Малезија.

Авионот се урнал во близина на Перт?

Малезиските и австралиските власти се сомневаа дека авионот се урнал во јужниот дел на Индискиот Океан, недалеку од градот Перт. Сега се поставува прашањето дали делови од авионот можеле да „допловат“ носени од морските струи до Реунион, кој се наоѓа на спротивниот крај од Индискиот Океан.

Најверојатно станува збор за остатоци од Боинг 777

Ксавиер Титлеман, поранешен воен пилот кој во моментов специјализира за безбедност во авијацијата, бил контактиран утрово од страна на човек кој живее на островот Реунион во Индискиот Океан. Човекот му испратил на Тителман повеќе фотографии на кои се гледаат остатоци од авион, за кои се смета дека се од исчезнатиот авион.

Според него и неговите колеги, врз основа на фотографиите може да се заклучи дека највертојатно станува збор за остатоци од авионот Боинг 777, односно ист модел како авионот на Малезија ерлајнс.

Со помош на кодниот број ќе се овозможи побрза идентификација

Во моментов пронајдените остатоци од авион поттикнаа поширока дебата на интернет и на блоговите наменети за пилоти. Најмногу се дискутира за делот од код пронајден на остатоците : BB670.

Кодниот број не од бројот на авионот, ниту пак станува збор за сериски број на моторот, вели Тилман.

Но, како што нагласува, доколку овој дел од авионот навистина припаѓа на исчезнатиот малезиски авион, благодарение на делот од кодот постои можност за побрза идентификација. Конечните заклучоци ќе бидат донесени за неколку дена.

Авионот од типот „Боинг 777“ на Малезиан ерлајнс исчезна на летот од Куала Лумпур за Пекинг на 8-ми март 2014-та година со 239 патници и членови на екипажот.

 

 

Повеќе за потрагата по исчезнатиот малезиски авион на следните линкови:

ФОТО+ВИДЕО: Пронајден предмет од исчезнатиот авион на Малезија Ерлајнс

Британците знаат каде е исчезнатиот авион, таму се уште не се трагало