Властите на Крим: Не го признаваме легитимитетот на властите во Киев

Раководството на Автономната Република Крим не ја смета за легитимна власта на Крим и поради тоа не е подготвено да одговори на иницијативите за преговори со украинското Собрание, изјавил премиерот на кримската влада, Сергеј Аксјонов.

„Таа власт која што ни ја предлагаат да почнеме разговори не ја сметаме за легитимна. Во тоа се крие главното прашање“, рекол Аксјонов за летонска радио станица.

На прашањето за можно излегување на Крим од составот на Украина, тој рекол дека „тоа може да го решат само жителите на областа“, а раководството ќе ја „спроведе нивната волја“.