Властите на Вухан ги ревидираа бројките за починатите и заразените од коронавирусот

EPA-EFE/YUAN ZHENG CHINA OUT

Надлежните од Вухан, градот во кој изби епидемијата на коронавирусот, го коригираа бројот на оние кои починале од новиот тип коронавирус и додадоа уште 1.290 жртви.

Вкупниот број на починати е 3.869, соопштија градските власти, наведува американската телевизија CNN. Вухан, исто така, го ревидираше и бројот на заболени, па со додадените 325 случаи до сега вкупно се заразени 50.333 луѓе.

Надлежните нагласиле и дека овие измени ги внеле за да покажат „одговорност кон историјата, луѓето и жртвите“, како и да обезбедат „отвореност транспарентност и точност на податоците“.

Овие нови податоци се резултат на широка работа која вклучува бројни владини агенции и институции.

Како причина за ревидирање на податоците се наведува и дека во почетката фаза еден број пациенти починале во своите домови заради недостаток на медицинска терапија, додека за време на пикот на пандемијата здравствените работници биле преоптоварени со дневните обврски и фокусирани на лекувањето, заради што и доценеле извештаите, за често имало и погрешно запишани податоци.

Меѓу другото, нагло пораснал и бројот на медицински установи кои се водени на различни нивоа и податоците доснеле или не се согласувале.

Како една од причините се наведува и дека нецелосните извештаи за смртните случаи дополнително се коригирани а понегогаш биле и повторувани.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.