Влатко Ѓорчев присуствува на Конференцијата на Конзервативната партија на Велика Британија

Влатко Ѓорчев од ВМРО – ДПМНЕ присуствува на Конференцијата на Конзервативната партија на Велика Британија во Манчестер, како дел од програмата на Вестминстерската фондација за демократија (ВФД).

Ѓорчев остварил повеќе билатерални средби со челници на Конзервативната партија и британски пратеници.

Од ВМРО-ДПМНЕ истакнуваат дека Ѓорчев се сретнал со д-р Џон Хејвард, директор на форумот за политика на Конзервативната партија. Хејвард во наредниот период ќе ја посети Македонија во рамките на програмата на Вестминстерската фондација за демократија (ВФД) и ќе одржи предавање во делот на неговата експертиза за политички програми.

Ѓорчев се сретнал и со пратеникоТ Алек Едвард Шелбрук, член на Британскиот парламент од 2010 година.

„Со Алек се познаваме и соработуваме долги години. Тој е потпретседател на меѓународниот директорат на Конзервативците. Го информирав за актуелните состојби во Македонија. Двајцата ја поддржуваме слободната трговија и економските слободи, како начин за економски просперитет и напредок на државите. Македонија и Велика Британија имаат одлична политичка и економска соработка, а ВМРО-ДПМНЕ и Конзервативната партија се сестрински партии во рамките на глобалната организација на десниот центар ИДУ“ рече Ѓорчев.

Тој остварил и повеќе непротоколарни средби со други политичари, кои ги запознал за состојбите во Македонија, но и за се зголемената поддршка на граѓаните за ВМРО-ДПМНЕ во пресрет на претстојните избори следната година во Македонија.

На Конференцијата ќе се обрати премиерот Борис Џонсон, а ќќе има обраќања и на повеќе клучни министри од британската влада.