Влатко Ѓорчев се повлекува од политиката

Долгогодишниот пратеник на ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев реши да работи во реалниот сектор, отворајќи сопствена фирма.

Преку објава на социјалните мрежи, тој кажа дека неговата фирма ќе биде во областа на маркетингот, советувањето, трговијата и услугите.

„Решив да работам во реалниот сектор. Приватно, во своја фирма, во областа на маркетингот, советувањето, трговијата и услугите.

Во Македонија секогаш има пофалби и критики. Ако имав државна работа – ќе имаше критики. Ако одиш приватно – повторно критики и неколку честитки.

Ако успееш – пак критики. Ако не успееш, тогаш критики и сеир. Животот оди понатаму“, напиша Ѓорчев.

Тој е член на ВМРО-ДПМНЕ од 1996 година и долгогодишен пратеник почнувајќи од 2006 година. Последниот мандат му беше 2016-2020.