Влажни коловози и одрони вечерва на патиштата

Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози, информираат од АМСМ.

Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.