Влажни коловози, магла кај Плетвар и Неготино

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, а порди маглата на Плетвар и во Неготино видливоста е намалена до 100 метри.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

Во клисурите и засеците е можна појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Интензитетот на сообраќајот надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.