Влегол во бизнис со овци за Барјам, па 50.000 евра му отишле курбан

Кумановец измамил сограѓанин од кого зел 50.000 евра за бизнис со овци, но не му ги вратил парите.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против М.М. (50) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.

Според полицијата, М.М. во мај 2016 година со лажно прикажување на факти во врска со набавка и заработка од продажба на овци за време на муслиманскиот празник Бајрам, навел лице од Куманово да започнат заеднички деловни односи.

Притоа, во повеќе наврати му од одзел парични средства во вкупен износ од 58.000 евра, а по завршувањето на празникот не му ги враќал вложените пари на оштетениот.
Потоа, повторно склучиле договор за заем, при што до 20.08.2017 година на оштетениот му вратил само 8.000 евра од вкупниот долг.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.