Влегол во дом на 78-годишна кавадарчанка, ја турнал и ограбил

20

Во СВР Велес вчера било пријавено дека околу 12:20 часот непознато лице влегло во домот на М.Д.(78) во Кавадарци, ја турнало и пребарувало низ домот, при што одзело пари и си заминало.

Оваа информација за МИА ја потврди Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес. Бил извршен увид на местото на настанот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.