Вљубеноста предизвикува несоница!

Доколку се прашувате зошто последните денови или месеци не можете да спиете, голема е веројатноста дека сте се заљубиле. Имено, истражувањата покажаа дека заљубените мажи и жени во просек спијат саат време помалку од другите кои немаат „љубовни проблеми“.

Научниците од Универзитетот Базел каде што е правено истражувањето, велат дека станува збор за комбинација од еуфорија, страв и возбуденост кои се јавуваат кога некој  ни се допаѓа. Покрај тие чувства, телото во голема мерка започнува да ги лачи хормоните допамин и кортизол што доведува до хипоманична состојба во организмот и со тоа недостаток на сон.

Целата работа со пореметување на спиењето може да потрае и до шест месеци, а на сонот му пречи и размислувањето за саканиот партнер, заедничките моменти и соништата за иднината.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.