Влошена здравствената состојба на Борис Џонсон, префлрен на интензивна нега

EPA-EFE/JULIAN SIMMONDS / POOL

Здравствената состојба на британскиот премиер Борис Зонсон кој е заразен со коронавирус во понеделникот се влошила, префрлен е на оддел за интензивна нега и прима интензивна терапија, објавија вечерта од Даунгинг Стрит.

Педесет и петгодишниот Џонсон во неделата вечерта итно беше префрлен во лондонската болница „Сент Томас“, откако десет дена кај него не се повклекувале сиптомите на Covid-19, постојана кашлица и зголемена телесна температура.

Според Даунинг Стрит, во понеделникот попладнето состојбата на Џонсон се влошила, па бил префрлен на одделот за интензивна нега.

Според телевизијата Sky News, Џонсон е свесен, но по советите на лекарите бил пренесен на интнзивна нега како мерка на претпазливост доколку му е потребна меганичка вентилација. Иако, според извештајот, премиерот не бил поврзана на вентилатор, претходно во понеделникто добил кислород преку маса. Се додава дека Џонсон, наводно, бил сместен во оддрлот за интензивна нега меѓу 18 и 19 часот велерта во понеделникот, по лондонско време.

Министерот за надворешни работи, Доминик Рааб, во понеделникот претходно изјави дека Џонсон останува во болница, но дека има „ведар дух“ и продолжува да ја води владата.

Портпаролот на кабинетот на британскиот премиер го негираше пишувањето на лондонски Times дека Џонсон добива терапија со кислород, но не сакал да одговори на прашањето дали има воспаление на белите дробови. И во понеделникот вечерта не се коментира веста на руската агенција РИА којашто во неделата ноќта, повикувајќи се на извори од англиските здравствен власти, пренесе дека Џонсон е подвргнат на вештачка вентилација на белите дробови што овозможува земање здив на пациент кој физички не е во состојба да дише или недоволно дише.

Шефот на дипломатијата Рааб во понеделникот ја водеше седницата на владата наместо Џонсон, но призна дека со премиерот лично не разговарал од саботата. Кабинетот на премиерот, пак, вечерта објави дека побарал од Рааб, кој е прв министер во редоследот на владиниот кабинет, привремено да го замени.

„Премиерот го замоли министерот за надворешни работи Рааб, да го замени, кога ќе биде неопходно“, се наведува во соопштението.

Британија нема формален план и закон, кој ќе го замени премиерот доколку тој не е во состојба да ја извршува должноста, но уште во неделата ноќта телевизијата Sky News објави повикувајќи се владини извори, дека Рааб ќе ја преземе должноста доколку е потребно, а ќе продолжи да ги води седниците на владата додека Џонсон е во болница.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.