ВМРО-ДМНЕ: СДСМ дрско лаже за наводен бугарски пасош на Данела Арсовска, тоа е последица на стравот од пораз на Шилегов и Заев

СДСМ дрско лаже и манипулира за наводен бугарски пасош на Данела Арсовска, тоа е последица на стравот од пораз на Шилегов и Заев, a ваквата црна кампања досега е незапаметена и таа е последица на стравот од пораз на Шилегов и Заев, реагираше во вторникот ВМРО-ДПМНЕ.

„Во целост ги демантираме ваквите невистини, и ниту една црна кампања, вклучителна и таа во која вмешуваат членови на потесното семејство на Арсовска нема да им помегне да го одбегнат поразот од народот кој им следи.

Потсетуваме дека не е прв пат СДСМ да мавта со лажни обвинувања за бугарски пасоши, тоа станува дел од нивната стратегија додека Заев врши притисоци врз членови на историската комисија да потпишат тоа што Заев во четир очи договорил да продаде со бугарската власт.

Ваквите лаги нема да го спасат ниту Шилегов од пораз и одговорност за прекумерното богатење додека е на државна функција. 4 стана, 2 хациенти е учинокот на Шилегов како градоначалник и еден тон лажни вести за прикривање на непособноста на Шилегов“, се наведува во партиското соопштение