ВМРО-ДПМНЕ: 100 дена влада, 100 дена дебакл во здравството

100 дена влада. 100 дена Филипче министер за здравство. 100 дена 1400 починати од КОВИД, голем број од кои можеа да бидат спасени, доколку системот кој го менаџира Филипче беше функционален, велат во своето соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

100 дена не е реализиран ниту еден капитален проект поврзан со здравство. Додека во соседството се градат болници за неколку месеци ние тапкаме во место. Нема ни трага од ветените нови клинички центри кои ги најавија уште пред 4 години.

Нема ниту 100.000 денари плата за докторите, иако ова му е втор мандат, нема ни најава за ова ветување кое требаше да биде реализирано пред година дена.

Лекари нема, нема медицински персонал воопшто, а невработени седат 3000 здравствени работници, а Филипче не му текна ни да направи план за истите да ги инкорпорира во системот. Филипче не помисли ниту на специјализантите, чии дежурства не се платени.

100 дена влада. 100 дена нема вакцина за сезонски грип, а Филипче најавува КОВИД вакцинација.

100 дена кубуриме со инсулин. 100 дена родители на деца голем број терапија што им се препишуваат се приморани да ја купуваат надвор од државата, во соседството бидејќи кај нас ја нема.

100 дена ништо не е направено ни за пациентите со ретки болести. Недостасуваат лекови за ретки болести.

Го поскапеа паркингот на клинички од 300 на 800 ден.

Филипче дојде на протестот и вети дека ќе се врати старата цена и излажа.

Македонија со Филипче како министер за здравство најлошо се справува со КОВИД во регионот. Имаме најголем број починати во регионот, а 7ми сме во светот. Нема тестови, се чека и по 10 дена. Нема тераписки протоколи, се лечи на различен начин. Ако има ќе треба да се набави пропишаната терапија, а бидејќи и таа ја нема, нема протоколи. Нема болнички капацитети, поделени за КОВИД пациенти и чисти болници за останатите заболувања. Пациенти чекаат на ред со саати пред болници, примаат инфузии во дворот на клиниките, а други примаат инфузии до починати лица во иста соба.
Системот не функционира и се враќаат болните од други болести, од кои често се и во животнозагрозувачка состојба. 100 дена влада. 100 дена дебакл во здравството, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.