ВМРО ДПМНЕ ја демантира веста на ЦивилМедиа дека Мицкоски му изразил признание на Заев за успесите

Од ВМРО ДПМНЕ ја демантираат објавата во ЦивилМедиа дека Христијан Мицкоски изразил признание за успесите, храброста и одговорноста на Зоран Заев, што порталот ја објави како ексклузивна вест од лидерската средба што се одржува во претседателската резиденција вечерва.

Во текстот, меѓу другото, се вели дека претседателот на ВМРО-ДПМНЕ му изразил признание за успесите во Брисел, како и за храброста и одговорноста на премиерот за неговата одлука да понуди предвремени избори.

„Мицкоски не кажал ни збор за тоа дека реформите не се спроведени, ниту било каква критика, туку имал само пофални зборови и признанија како реакција на излагањето на Зоран Заев“, стои во написот на ЦивилМедиа.