ВМРО-ДПМНЕ ја повикува Шекеринска да ги објави исплатите од државниот трезор на име на МО, а таму ќе се видат тршоците

Ја повикуваме Шекеринска јавно да ги објави исплатите од државниот трезор што се на име на министерство за одбрана и таму ќе видиме 1.4 милиони денари за патувања и ручеци за само 4 дена, истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ по демантот на министерката за одбрана Радмила Шекеринска дека опозициската партија шири лажни вести и дека таа воопшто не патувала во странство и не трошела пари од МО.

„Шекеринска освен тоа што во криза троши преку министерство за одбрана пари за репрезентација и патувања позната е по тоа што шири лажни вести.

Додека докторите немаат маски, од министерството за одбрана се плаќаат пари за ресторани и репрезентација како и пари за патувања.

Ја повикуваме Шекеринска јавно да ги објави исплатите од државниот трезор што се на име на министерство за одбрана и таму ќе видиме 1.4 милиони денари за патувања и ручеци за само 4 дена

Министерството за одбрана потрошила 1 милион и речиси 43 илјади денари за за патувања. Во истиот овој период, за само 4 дена  за репрезентација, ручеци и ресторани, мнинистерството за одбрана со кое раководи Шекеринска потрошilo дополнително речиси 362 илјади денари“, се посочува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.