ВМРО-ДПМНЕ: Ако е толку очајна ситуацијата, како што вели СДС, нека закаже избори, па тогаш ќе видат колку поразени ќе бидат

СДС наместо да пишува соопштенија полни со лаги и манипулации, нека си ги решат прво проблемите во својот двор. И ако е толку очајна ситуацијата како што СДС вели преку своите гласила, тогаш нека се осмели да закаже избори, па тогаш ќе видат колку поразени ќе бидат, велат со соопштение од ВМРО-ДПМНЕ .
-Вознемиреноста на СДС секој ден се воочува и е се поочигледна.
Јасно може да се воочи дека СДС е највознемирена поради две работи, првата е пропаста на стратегијата и кампањата дека Груевски ја води ВМРО-ДПМНЕ, a втората е дека пропаѓа оската ДУИ-СДС и делови од опозицијата за уставни измени.
Крајот на власта се ближи!, додаваат од партијата.