ВМРО-ДПМНЕ: Ако се повтори судењето за „Монструм“, зошто не може и за „27 април“

ВМРО-ДПМНЕ се сомнева дека власта се плаши од повторено судење и изнесување на нови докази за судењето за „27 април“.

Од партијата прашуваат зошто кога можеше да се повтори судењето за случајот „Монструм“ не може да се повтори и судењето за „27 април“.

– Хистеријата која Заев сака да ја предизвика е поради стравот дека во едно повторено судење за случајот со „27 април“ може да излезат нови докази кои ќе фрлат нова светлина и нова вистина, а таа нова вистина е дека осудените сигурно не се терористи. Дополнително што за овој случај се појави и аудио материјал кој покажува дека главниот сведок на обвинителството е сериозно компромитиран. На крајот на краиштата кога можеше да се повтори судењето за случајот Монструм во кој свирепо беа убиени 5 лица, зошто да не се повтори и судењето на овој случај – велат од опозициската партија.