ВМРО-ДПМНЕ: АРМ треба да се модернизира, но набавка од 250 милиони евра пред избори не смее да има

АРМ треба да се модернизира, но набавка од 250 милиони евра пред избори не смее да има, идната влада треба да одлучува по тоа прашање, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.

„Купувањето на опрема за АРМ е работа која СДС и ДУИ имаа 7 години да ја прават, а не на два месеци пред избори да трошат 250 милиони евра. Набавката на хеликоптерите е процес за кој треба да одлучува новата влада по изборите, а не истрошената влада на СДС и ДУИ кои немаат план за државата. Власта не кажува како се одбрани токму тие хеликоптери и зошто транспортни, а не борбени? За набавка на опрема за АРМ треба да има јасна постапка за потребите и долгорочните цели“, велат од партијата.

Од таму додаваат дека идната влада на ВМРО-ДПМНЕ вистински ќе вложува во Армијата, а не како СДС и ДУИ 7 години. Со право народот вели дека немаме држава, време е да ја вратиме.