5.8 C
Skopje
четврток, април 18, 2024

ВМРО ДПМНЕ: Јавниот долг на Македонија достигна 5,3 милијарди евра

„Владата предводена од СДСМ не прекинува со непродуктивното задолжување. Долгот се зголемува, граѓаните ќе треба да отплаќаат поголеми долгови во иднина, а во исто време парите за капитални проекти не се инвестираат, туку се префрлуваат за други непродуктивни и популистички проекти. Состојбата во која Македонија и граѓаните се наоѓаат е крајно недомаќинска. Во моментов Владата ги зголемува долговите, а притоа не создава одржливи и продуктивни проекти кои ќе донесат бенефит за сите граѓани и целокупниот приватен сектор“, пишува на фејсбук страната Комисијата за финансии на ВМРО ДПМНЕ.

2Заклучно со 30.06.2019 јавниот долг на Македонија е 326.337.608.392 денари, или околу 5,3 милијарди евра. Вчера, на 17.09.2019 Владата се задолжи за нови 3,8 милијарди денари или 61,7 милиони евра. Ситуацијата е алармантна, бидејќи перформансот на Буџетот е во лоша состојба, Владата не ги извршува своите задачи, не ги реализира проектите и премногу се посветува внимание на популизам. Целокупната сума на пари која ќе биде потрошена на капитални инвестиции во текот на 2019. ќе биде околу 200 милиони евра, а во исто време предвидениот дефицит за 2019. е околу 300 милиони евра, што значи дека долгот дополнително ќе се зголемува, а катастрофата е што тој долг се зголемува за други трошоци кои не носат бенефит за целиот приватен сектор и граѓаните. Дополнителната мотивација за Владата предводена од СДСМ да постапува на ваков начин со недомаќинско задолжување е и потфрлувањето од планот во прибирање на приходите од даноци (најголемо промашување кај данокот на добивка) кое е последица на лошите даночни политики кои беа имплементирани во изминативе месеци.

Економскиот раст и развој се директно поврзани со одговорното и посветеното работење на Владата. Потребно е домаќинско менаџирање и инвестирање на народните пари за да се максимизира бенефитот за сите граѓани. На Македонија и е потребен силен, одржлив и инклузивен економски развој кој ќе овозможи развој на нашата инфраструктура, ќе ја подобри конкурентноста на македонските компании, ќе ја намали сиромаштијата и подобри животниот стандард на сите граѓани“, стои на фејсбук профилот на Комисијата.