ВМРО-ДПМНЕ бара Анкетна комисија за работата на СЈО, со мониторинг од странски амбасади

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ бара формирње Анкетна комисија во Собранието за евентуалнотот утврдување на нестручно и незаконито работење на Специјалнот јавно обвинителство и доскорешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева, и притоа како набљудувачи во работата на комисијата да се вклучени и претставници на амбасадите на САД, Шведска и Холандија.

Иницијативата се поднесува до парламентот, бидејки тој на предлог на Советот на јавни обивнители за нестручно, несовесно и незаконито работење, ја разреши Јанева, велат од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Во името на граѓаните кои досега одвоиле 15 милиони евра сакаме да провериме на кој начин се трошеле нивните пари и на кој начин се постапувало во законските постапки, деловодници, законитост на постапки при вработување, можни конфликти интереси при вработување и непотизам, и сомнителни хонорари, рече пратеникот Антонио Милошоски.

Предлогот е комисијата да ја предводи претседател од редот на најголемата опозициска партија, а другите десет члена да се одредат според распоредот на силите во Собранието. ВМРО-ДПМНЕ предлагаат да има и набљудувачи од шведската, американската и холандската амбасада, бидејки овие три држави имале сериозен финансиски учинок во СЈО од пари на нивни даночни обврзници.

Велат дека Анкетната комсија нема да се занимава со обвинителски и судски предмети. Извештајот со наодите треба да има препораки за да се превенира слична злоупотреба на буџетски пари или законски измени во овој дел, а ќе биде испратен и до сите институции. Овој извештај би бил од корист на Антокорупциската комисија и државниот ревизор, велат од ВМРО-ДПМНЕ.