ВМРО-ДПМНЕ бара јавно извинување од Заев за пцостите кон народот

Го видовме вистинското лице на Зоран Заев. Кога е пред камери, е со раката на срце, а кога е зад камери го пцуе и дрско го навредува сопствениот народ, изјави вчера Игор Јанушев, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

– Пцуењето на Зоран Заев кон народот е тешка навреда за секој еден граѓанин, било тоа да е член на СДСМ или на ВМРО, или да не е член на ниту една партија. Нема друг таков политичар во светот кој го пцуе сопствениот народ и кој е аболиран за криминал. Исто така, Заев јавно признава дека СЈО предводена од рекетарската и криминогена дружина на Катица Јанева е целосно под негова контрола. Тој самиот кажува дека управува со оваа компромитирана институција за рекет со зборовите „СЈО ќе преземе драстични чекори“! Воедно, Зоран Заев призна дека прислушуваните материјали ги давале надвор од партијата со цел да уценуваат политички лидери, но воедно дознаа и шарените, но и целата јавност дека и, цитирам, „Граѓанските организации, тоа што е финансирано од СОРОС, граѓанскиот парламент, студентскиот парламент се се полни со луѓе од СДСМ“ – рече Јанушев.

Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ бара јавно извинување од Зоран Заев за тешките навреди и пцости кон народот.

– Овој човек не е достоинствен и не заслужува да се занимава со политика. Оставката е единственото нешто што му преостанува во услови кога е потопен со криминал и коруцпија. Заев го пцуе народот, открива дека контролира граѓански организации и студентски движења, дека го контролира компромитираното и рекетарско СЈО и дека уценува политичари со прислушкувани разговори – додава Јанушев.