12.8 C
Skopje
сабота, април 20, 2024

ВМРО-ДПМНЕ бара да предложи независен јавен обвинител за борба против мафијата на Заев

Правдата во Македонија е нападната. Селективната правда денеска во Македонија е неправда. Имаме невини луѓе по затвори, луѓе кои страдаат поради самоволието на власта и мафијата. Зошто е тоа така? Затоа што во овој хибриден режим кој го констатираат европски институции се владее со терор, со притисок и реваншизам. Ништо не се смени за овие 4 години од мафија. Тие, како пред 4 години, така и денес ветуваат исти работи. Ќе имало правда, ќе имало ред, ќе имало дисциплина. 4 години живееме во состојба на “ќе”. Оваа “ќе” влада живее во очекувањата кои ги креира, и нема решение на проблемите кои што денеска се тешка сурова реалност, исткана лидерот на партијата ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот протест против неправдите на власта.

-Една помината ноќ на невин човек во затвор е потешка од 10 години робија на криминалец. Во затворите има луѓе кои се таму поради политички прогон, а оние за кои Заев велеше дека се криминалци денес гледаме дека се најблиски до него.Целта е едноставна. Двете мафии, онаа на Заев и онаа која му се покори да му служи, сакаат да има две партии, каде сложно ќе договараат кога да се смени власта, а тоа е тогаш кога ним им одговара.Но, имаат голем проблем во тој план. ВМРО никогаш, ама баш никогаш не се покорил и никогаш никој не го покорил. Кога економијата пропаѓа, кога банка со народни поради пљачката на мафијата оди во стечај, кога земјоделците протестираат и кога притисоците се засилуваат, а некому не му е јасно зошто ВМРО-ДПМНЕ е тема на владините медиуми, јас ќе ви одговорам, реваншизмот е главен. Поради сето ова има гласни медиуми кои во име на власта ја трујат вистината, и затоа има медиумски обрач кој низ розеви очила ја сервира грдата, тешка и болна реалност. Оваа Влада сака да ги слушаме со воодушевување и поласканост истите ветувања за правда кои 4 години ги даваат одново и одново. Тие мислат дека народот има меморија на аквариумска рипка и дека секој миг ни е ново доживување. Каква навреда од овие самобендисани мафијаши! До кога ќе ја чекаме правдата? 30 години на овој народ му поминува во некакво чекање. Доста е веќе со празни ветувања, треба да се делува, народот бара дела! Одбиваме да ги потрошиме нашите животи во чекање.Неправда е кога се тепаат новинари. Критичарите на власта добиваат крвава глава само затоа што зборат гласно за криминалот на мафијашите и нивните слуги исти како нив мафијаши. Зарем тоа треба да се одмолчи? Еве помина време да прашам до каде е тепањето на новинар, ги најдоа ли сторителите? Што е со судските процеси врз новинари, или пак тужбите кои ги добиваат новинарите и медиумите затоа што пишуваат за криминал.Неправда е кога медиуми се напаѓаат, етикетираат, прогласуваат за “државни непријатели” за да се уценуваат нивните сопственици. Обвинителството молчи што стотици илјади евра остануваат непокриени во извештаите на СДСМ од кампањата, а власта врши прогон кон медиуми и ВМРО ДПМНЕ за законско рекламирање. Неправда е кога главната обвинителка е главен телохранител на мафијата. Неправда е кога убијците на децата од Смилковско се на слобода а уставобранителите во затвор. Неправда е кога Гордана Јанкуловска ја носат во затвор а Заев се вози со истиот мерцедес и троши дополнителни 8 милиони евра за набавка на други возила. Во оваа држава владеат законите на криминалците. Разни криминалци се изживуваат и велат: ,,Ве чекаме во затворите, а таму тешко вам,, но, забораваат дека тракалото се врти! Тие не треба да се плашат од одмазда туку од правда, а таа ќе ги стигне сите порано или подоцна. Неправда е кога Луј Витон судството носи “трас трас” одлуки кои ги диктира Заев, а истото молчи за рекетот, панамските пари и бизнис зделките на Заев и сомнителен бизнисмен за милионски бизниси во Тетово, истакна тој.

-Кога толку неправда и прогон има од Заев кон ВМРО-ДПМНЕ и критичарите на мафијата, можете да замислите колку е лошо за обичниот човек. Колку голем прогон и реваншизам има за обичните граѓани. Ги распределиле од Скопје да работат на рудник во Кичево затоа што пишувале критички статуси против власта. Избркале самохрана мајка зошто требало да вработат партиски војник. Избркале жена пред пензија за да има работа за децата на функционерите. Ете тоа се насловите и случувањата на секојдневно. Има брутални притисоци и кон припадниците на министерството за внатрешни работи, професионалните војници, се врши реваншизам кон овие луѓе затоа што не се покоруваат и сакаат да бидат професионалци. Не можат и одбиваат да бидат соработници на мафијашите и мафијата. Драги пријатели денеска сме овде затоа што го креваме нашиот глас за работите кои што мора да се менуваат од корен. Судството и обвинителството се инструменти на мафијата, затоа нема никаква реакција. Мафијата е мафија зошто судството и обвинителството се клекнати на колена, заклучи Мицкоски.

Затоа, како прво бараме тоа што беше ветување дадено од мафијата кога мафијата беше во опозиција иако и после овие брутално покрадени талибански избори тие требаше да останат во опозиција, но за кратко ќе бидат во опозиција, бараме: овие мафијаши да си го исполнат ветувањето и да дадат можност опозицијата да предложи независен и непристрасен јавен обвинител кој ќе го исече од корен криминалот почнувајќи од првото дело па се до завршувајќи го последното. Без разлика на политичката припадност. Ова не би требало да биде пречка за Заев зошто истото го предлагаше пред да дојде на власт и пред мафијата да ја окупира држава Ова не би требало да биде пречка за Заев затоа што истото го предлагаше пред да дојде на власт и пред мафијата да ја окупира државата. Второ, под итно да се спречи реваншизмот, да престане реваншизмот притисоците и политичките етикетирања во администрацијата, војската, Министерството за внатрешни работи. На сите врз кои им е нанесена неправда, без оглед на припадноста и политичката ориентација ВМРО ДПМНЕ им нуди бесплатна правна помош. Обратете се до нас и тим на адвокати и правници ќе ви помогнат. ВМРО ДПМНЕ им нуди бесплатна правна помош. Сите оние кои што се чувствуваат обезсправено и под притисок се на власта, цел се на реваншизам од власта, ВМРО-ДПМНЕ им стои на располагање за бесплатна правна помош. Обратете се до нас, до нашиот тим на адвокати и правници, но и оние кои што решија да волонтираат токму за вас, да ви помогнат за да и ставиме крај на мафијата и ова бескурполозно однесување на мафијата, посочи тој.

 

-Трето, државава во моментов е без комисија за заштита од дискриминација. Најитно да се формира оваа комисија и да се донесе новиот закон за заштита од дискриминација. Мора оние кои се подложни на уцени, закани да бидат заштитени! Четврто, сите предмети кои се познати во јавноста каде е почувствувано неправда, притисок, уцена и реваншизам, каде правдата не е заштитена, сите предмети за криминал за кои власта сега молчи ќе бидат отворени и предмет на ревизија, а подеднакво ќе биде предмет на анализа и зошто не се постапувало, а требало да се постапува. Полна е устата со владеење на правото. Не може во Македонија да владее правото ако не се открие по чиј налог и чија наредба беа снимени незаконско прислушкувани илјадници наши сограѓани. Мора да се знае и за тоа некој да сноси одговорност, тој што ја дал таа наредба. Не може да има владеење на правото ако не се открие кој и зошто ги полнеше кутиите на референдумот, па имавме избирачки места со излезеност поголема од 99%. Не може да има владеење на правото, ако не се открие кој ги слушаше обвинителите и судиите. Сетете се само некако како јавноста да подзаборави на ова слушање на обвинителите и судиите кои што се обелодени на крајот од 2018 година.
Не може да има владеење на правото, ако не се откријат имињата на сите оние кои што се инволвирани во Рекет 1, Рекет 2 од прв до последен да одговараат за тоа што сториле, додаде лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

-Не може да има владеење на правото ако не се открие и форензички испита телефонот на Бојан Јовановски да видиме со кого комуницирал, за кој цели комуницирал и која била намерата на таа комуникација и таа преписка. За кого се градени старечки домови, кој и зошто бирал локации и зошто токму во тие општини се избрани тие локации. И можам да ви редам уште многу примери зошто не може да има владеење на право. Не може да има владеење на право кога во Собрание се носат закони кои што се наменети за неколкумина за да се реализираат политички непринципиелни цели. И можам да редам до сабајле уште многу вакви примери. Затоа младите денеска но и сите граѓани во нашата Македонија ја изгубија надежта и затоа денеска и покрај сите овие розеви очила кои што ги имаат овие од мафијашката власт пласирана преку провладините медиуми. Денеска нема медиум каде што првите десет вести најмалку не сте го сретнале Зоран Заев три пати, не сте го сретнале Пендаровски двапати, не сте сретнале позитивна вест за Заев најмалку три пати, а народот мака мачи од први до први како да го помине месецот со празни џебови.
Илјадници наши сограѓани останаа на улица без работа и молат и питаат за корка леб, ете во такво општество ние живееме денеска. Тоа е таа сурова реалност, а не е сурова реалност како што во првите десет вести денеска ќе сретнете на некој од провладините медиуми. Тоа е драги пријатели е суровата реалност.
Затоа ќе не има се повеќе, не треба да се обесхрабруваме. Тешка ќе биде битката. Но, ве уверувам дека на крајот народот ќе ја победи мафијата и ќе дојде правдата и силно ќе огрее сонцето за секој еден во нашата држава. Нашата иднина драги пријатели мора да е земја во која правдата ќе владее, во која политичарите ќе бидат покорни слуги на народот. Безусловна правда значи апсолутна правда. Без правда нема силна држава. За да има правда мора мафијата да биде поразена и брутално изнесена пред лицето на правдата, да одговара за сите неправди кои што ги нанесе на секој еден граѓанин без разлика на неговата етничка припадност. А ќе падне и знам дека на мафијата ќе и се случи народ, народ порано или подоцна, потенцира Мицкоски.