ВМРО-ДПМНЕ бара да се формира кризно тело за енергетската криза

Експертите потврдуваат она што ВМРО-ДПМНЕ предупреди за енергетска криза, државата троши дупло повеќе отколку што произведува струја, се вели во партиското соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

-Власта не е способна да ги менаџира енергетските капацитети на државата. Во изминатиов месец производството е само половина од потребите. Другата половина се покрива со увоз и повлекување од заедничката европска мрежа што е недозволиво за редовни ситуации. Оваа неспсобност и екскурзија на власта ќе ја платиме со 15 милиони евра само за месец октомври, кажа директорот на МЕПСО. Македонија има опасност доколку оваа неспсобност продолжи да се соочи со енергетска криза во зимскиот период пред нас, истакнуваат од опозициската партија.

Предупредуваме за да не биде предоцна. Веднаш да се формира кризно тело кое ќе ја разгледа ситуацијата и ќе предложи решенија. Државата, граѓаните и стопанството не смее во 21 век да останат без струја, додаваат оттаму.