ВМРО-ДПМНЕ бара да се намали коефициентот на платите, функционерите не се граѓани од посебен ред

600 илјади граѓани живеат со 150 денари на ден. Во услови на економска криза, енормна инфлација и сиромаштија, последна работа што треба да се направи е да се зголемат платите на функционерите, изјави Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„ВМРО-ДПМНЕ бара веднаш да се намали и корегира коефициентот за сложеност на работното место со што би се намалиле платите на функционерите.

Функционерите не смеат да бидат граѓани од посебен ред, туку слуги на народот“, посочи Митева.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.