ВМРО-ДПМНЕ бара истрага и одговорност за скандалот со струшката болница

Скандалозниот случај во струшката болница мора да се истражи веднаш и доколку се утврди вина да се побара одговорност. Но, она кое што загрижува е што случајот е од август месец минатата година и за жал се уште нема никаква разрешница. Зошто речиси половина година институциите молчат, молчи Министерството за здравство, молчи Државниот инспекторат, молчи министерот Филипче, одговори портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски на новинарско прашање  за случајот во струшката болница, за одговорност на директорот за компликации кој што не се истражени.

– Да биде скандалот поголем Државниот санитарен и здравствен  инспекторат одговорноста да го испита овој случај ја префрла во ноември до Министерството за здравство барајќи да се направи стручен надзор за овој случај и  истиот да изготви извештај. Но, за жал немало извештај, што остава сомнеж дека Министерството за здравство и министерот Филипче се обидуваат да го забошотат овој случај и некого да го заштитат од одговорност. Зошто Филипче молчи за скандалозниот случај во струшката болница од август месец и за барањето од Државниот здравствен и санитарен инспекторат. Срамота е, се работи за здравје и живот на граѓаните. Никако не може евентуален криминал, политичка врска или било што да биде поважно од еден човек. Молкот на Филипче го прави тој да биде соучесник – рече Стоилковски.