ВМРО-ДПМНЕ бара од градоначалникот на Охрид да го презентира скапиот проект за градскиот кеј

Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ за Охрид го повика во саботата охрдискиот градоначалнико, Јован Стојаноски, јавно да го презентира проектот „Реконструкција на Кеј Македонија“.

„Стојаноски не го покажа проектот со изготвеното идејното решение и истото не ѝ беше презентирано на јавноста. ВМРО-ДПМНЕ го повикува Стојаноски јавно да го презентира проектот, не преку една до две фотографии и да објасни пред охриѓани зошто претходно сметаше дека со овој проект влегуваме во една скапа инвестиција за којашто немаме испитување на мислењето на граѓаните, дека самите биле сведоци за кејот дека е во една добра состојба и дали како што трвдеше тогаш и сега влегуваме само во една ваква непродуктивна инвестиција само за да се исперат пари?“, прашуваат од опозициската партија.

Стојаноски, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ, очигледно освен препишување програми, извештаи, проекти, говори од ВМРО-ДПМНЕ, не знае друго. Наместо тоа го советуваме да започне со реализација на ветените проекти.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.