ВМРО-ДПМНЕ бара оставка од Заев

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски, Трајко Вељановски и Ане Лашкоска побараа премиерот Зоран Заев да си поднесе оставка и да се оди на предвремени парламентарни избори, наместо да предлага нови министри.

Тие ова го побараа во реплика на говорот на премиерот, додека за предлозите за новите министри рекоа дека ќе зборуваат во своите говори.

– Правниот систем не е разнишан, туку разнесен. Се знае кои министри договарале процедури во судските постапки. Најдобро во овој момент и за земјата и за граѓаните и за економијата и за СДСМ е што побрзо да заврши оваа политичка агонија. Време е да поднесете оставка и не мора да го поврзете тоа со ваша политичка или морална одговорност – нагласи Димовски.

На тоа одговори Заев, правејќи паралела како е сега во однос на транспарентноста и работењето на судството, а како беше во времето на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ.

„За разлика од тогаш, премиерот сега е пријавител на случајот, овозможено е целосно независно транспаренто работење на јавното обвинителство, без каква било пречка, низ истрага, да ги докаже сите аргументи. Тоа се сериозен предизвик за секоја држава и за нас. Ќе покажеме дека овој предизвик е овозможен тука“, потенцира Заев.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.