ВМРО-ДПМНЕ бара Спасовски да го суспендира од работа насилникот полицаец

Оливер Спасовски веднаш да се извини и да го суспендира полицаецот кој преку социјалните мрежи му се заканува на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, во спротивно ќе се обвистини дека тој лично стои зад заканите, реагира опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

„Спасовски веднаш да покрене постапка за прекин на работен однос за инспекторот Шкрета, кој на социјалната мрежа фејсбук му се заканува на портпаролот на партијата Димче Арсовски. Лица кои се закануваат и шират говор на омраза, не смеат да бидат лицето на МВР. Како граѓаните кои не се истомисленици на Спасовски да се чувствуваат безбедни, кога инспектори, кои се задолжени да ги штитат, ги напаѓаат, доколку демократски искажале став? Ваквите закани и навреди на социјалните мрежи од лица блиски до врвот на власта се директно поттикнати од Спасовски, кој со неказнување го одобрува нивното однесување. Токму затоа мора веднаш да го суспендира заканувачот и да се извини, цо спротивно јавноста нема да има сомнеж дека тој лично не стои зад заканите. Заканите и навредите не ви поминуваат. Одговорност веднаш!“, се вели во соопштението.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.