ВМРО-ДПМНЕ бара веднаш гласање за да се види дали власта го обезбедила потребното мнозинство

Пратничката група на опозициската ВМРО-ДПМНЕ во петокот по повеќекратното одложување на собраниската седница на којашто треба да се гласа за простапувае на уставните измени во согласност со договорот на Грција за промена на уставното име на Република Македонија, побараа без одлагање собранискиот спикер Талат Џафери да го постави на дневен ред гласање.

Пратеникот Антонијо Милошоски придружуван од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, на прес-конференција во Собранието, апелираше седницата којашто последен пат беше закажана за 15 часот, веднаш да започне, за, како што рече, да се види дали навистина е обезбедено двотретинското мнозинство за прифаќае на владиниот предлог.

„Поминаа 19 дена од референдумот на кој народот јасно се изјасни дека нема одлука за мандат за уставни измени. Гледаме дека власта одолговлекува со седницата. Деветнаесет дена се одолговлекува точката да се стави на дневен ред за гласање затоа што владеачкото мнозинство е свесно дека за пратениците е поважно волјата на народот отколку притисиците на кои се изложени“, изјави во име на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ пратеникот Антонијо Милошоски

Претходно одредени медиуми, како и на социјалните мрежи, беше објавено дека наводно е обезбедено споменатото мнозинство, што беше прикажано како успех на власт.  Милошоски, сепак, порача дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ е единствена во почитуваето на волјата граѓаните изразена со бојкотот на несупешниот референдум од 30-ти септември.

Милошоски од Џафери побара без дополнително одлагање да ја стави точката на изјаснување, да има гласање, и владеачкото мнозинство да види дека нема мнозинство и дека нема мандат да покрене уставни измени.

Ние како пратеници ќе го кажаем нашиот став и ќе гласаме согласно волјата на народот, изразена преку пропаднатиот референдум и недевањето мандат за уставни измени, рече Милошоски.

Запрашан дали е точно дека седуммина нивни пратеници ќе гласаат за уставните измени Милошоски изјави дека владечкото мнозинство треба да ја стави точката на гласање и самите ќе се уверат дека волјата на народот е погласна од притисоците врз пратениците да се изјаснат спротивно на волјата ана народот.