ВМРО ДПМНЕ бара враќање на старата цена на струјата и разрешување на Бислимовски

64

Враќање на старата цена на струјата и оставка од претседателот на Регулаторната комисија Марко Бислимовски побара Владимир Ѓорчев од ВМРО ДПМНЕ. Најголемата опозициска партија вечерва повторно организираше протест низ скопските улици поради зголемување на цената на струјата во Македонија.

-ВМРО ДПМНЕ во континутет, со поддршка на македонските граѓани бара враќање на старата цена на струјата и разрешување на Марко Бислимовски. Регулаторната комисија заедно со Бислимовски се поставени како инструмент на политиката на Зоран Заев и неговите министри.

Веднаш бараме враќање на старата цена на струјата. Македонија плаќа најскапа цена на струјата споредено со примањата коишто ги имаат, односно немаат македонските граѓани. Бараме разрешување на Бислимовски како послушник на Заев. Заев го именувал, Заев да го смени. Ако не, Бислимовски и Комисијата да си поднесат оставка, изјави Ѓорчев.

Ако Регулаторната комисија не си поднесе оставка, Ѓорчев побара членовите на ова тело да бидат разрешени.

-Во овој економски колапс што ни се случува, отпуштања од работа е ништо друго освен економски терор за граѓаните. Бараме да се именува професионална комисија, луѓе кои си ја знаат работата, а не кои што ќе бидат први да се сликаат во штабот на СДСМ, изјави Ѓорчев на протестот што го организираше ВМРО ДПМНЕ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.