ВМРО-ДПМНЕ: Барањето на техничка Влада е сосема неприфатливо

Барањето на техничка Влада од страна на СДСМ е сосема неприфатливо, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Барањата на СДСМ се едно повеќето разгледани прашања на вчерашната редовна седница на владејачката партија.

Во соопштението стои дека ВМРО-ДПМНЕ е отворена за дискусија за прашањата кои ги адресираат политичките партии во Република Македонија, а се во согласност со принципите и вредностите на ВМРО-ДПМНЕ и се во согласност со европските стандарди.

–  ВМРО-ДПМНЕ е отворена да разговара за идеи кои се рационални и имаат реална основа да се сметаат за идеи кои би значеле подобрување на стандардите на живеење на граѓаните на Македонија. Партијата е отворена за разговор за идеи кои би значеле подобрување и забрзување на перспективите на Македонија за понатамошна евроатланска интеграција, се наведува во соопштението.

Од ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш потврдуваат дека се подготвени да разговараат на темите поврзани со имплементација на препораките на ОБСЕ во македонското изборно законодавство, околу потребните активности кои треба да ги превземат институциите за зајакнување на довербата кон избирачкиот список и е спремна да разговара за адресирање на прашањата за понатамошна регулација на медиумскатата свера во Македонија согласно европските стандарди.