ВМРО-ДПМНЕ: Блок 1 на РЕК Битола надвор од функција, експлоатиран за Владата да се слика

ВМРО-ДПМНЕ денеска излезе со информација дека Блок 1 од вчера е надвор од употреба во РЕК Битола по кратко време откако Владата се пофали дека сите капацитети произведуваат електрична енергија.
Според најголемата опозициска партија, еден од трите блока претрпел сериозен дефект затоа што бил експлоатиран максимално за да може истовремено Владата да организира медиумски настани во своја полза.
„На лагата и се кратки нозете … После помпезните најави и невистини кои се искажани од СДС за успесите во енергетиката, БЛОК1 на РЕК Битола е повторно надвор од мрежа од 23.01.2022 и тоа со скинати цевки на котел

Исто така само за да може да се прави ПР со лаги и фалби, истиот подолго време се експлоатирал и со дефект во кондезаторскиот дел, за да може владините претставници да се сликаат една недела! Колкави штети се направени со ваквото недозволено работење на турбината и на котелот ќе гледаме во следнот период“, се наведува во ФБ статусот на Комисиите на ВМРО-ДПМНЕ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.