ВМРО-ДПМНЕ: Бочварски денес го допре дното

386

СДС нема програма и нема проекти што може да им ги понуди на граѓаните. Капацитетот на нивните кандидати е доволен само за смислување лаги, манипулации и нудење на туѓи проекти како свои, што само говори за намерата истите да не се реализираат и да се заборават ден по изборите, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Кандидатот на СДС, Благој Бочварски денес го допре дното, соопштувајќи мерка која е предвидена во изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ. Благој Бочварски бесрамно ја копираше мерката за млади брачни парови на ВМРО-ДПМНЕ. Бочварски за жал нецелосно ја прочитал програмата на ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи во нашата програма се предвидува:  Цена од 1 евро за 1 метар квадратен за еден млад брачен пар за градежна парцела во секоја општина каде градоначалник ќе биде од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Со тоа младиот брачен пар заштедува од 20 до 50 евра по метар квадратен зависно во која општина живее. Имено една парцела во нормални услови чини од 6.000 до 15.000 евра, а преку проектот на ВМРО-ДПМНЕ парцелата младите брачни парови ќе може да ја купат за само 300 евра. Понатаму предвидуваме семејства со приходи во висина до 1 просечна нето плата ќе добијат и 100% ослободување од комуналии. За оваа категорија на граѓани и земјиштето ќе биде дадено бесплатно. Семејства со приход од 1 до 2 просечни нето плати ќе добијат 75% ослободување од комуналии, а семејства со приход меѓу 2 и 3 просечни нето плати ќе добијат 50% ослободување од комуналии. Семејства со приход од 3 до 5 просечни нето плати ќе добијат 25% ослободување од комуналии, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата порачуваат дека СДСМ ги потценува граѓаните.

-СДС ги потценува граѓаните кои знаат кој работи и кој обмислува мерки и проекти што се реализираат, а кој нуди демагогија и манипулации. Ваквиот несериозен однос на СДС граѓаните можат да го казнат во вториот круг од локалните избори во недела, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.