ВМРО-ДПМНЕ: Богоевски нема кредибилитет да биде пратеник

56

Павле Богоевски нема веќе никаков кредибилитет да биде пратеник и да ги лаже граѓаните со некакви пријави.

Постојат отворени сомневања дека Богоевски конзумира наркотици и дека е можно неговите изјави, настапи и одлуки да биле под дејство на опијати.

Павле Богоевски треба да излезе и да каже дали е зависник од дрога или не е. Единствен начин да докаже спротивното е своеволно да направи тест за дроги и да ја увери јавноста дека е вистина тоа што го збори.

Доколку Богоевски одбие или не го направи тестот за дроги истото ќе биде јасен показател дека е зависник од дрога.

Неговиот одговор дека барал масло од канабис дури и да се земе дека е вистинит, повторно значи дека Павле Богоевски сторил кривично дело.

И да се работи за тешка дрога и да се работи за канабис, конзумацијата и трговијата со истото е кривично дело и по однос на случајот Јавното обвинителство треба да поднесе кривична  пријава за Богоевски.

Признанието на Богоевски е како крадец да се брани дека не украл пари во продавница, туку дека украл некој автомобил. И едното и другото се кривично дело и ниту едното, ниту другото го амнестира од вина.

Очекуваме Зоран  Заев по директното признание од страна на Павле Богоевски дека извршил кривично дело да побара негова оставка. Но и од Богоевски да покаже морална и политичка доблест и да даде директна оставка од функцијата пратеник.

Интегрален текст од реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.