Од страна на ВМРО-ДПМНЕ беше изразено и незадоволство од платформата на премиерот на Албанија, Рама од Тирана, негативните последици што се предизвикуваат од бруталното мешање во внатрешните работи на соседна држава, спротивно на принципите за добрососедство. Воедно беше истакнат фактот за нарушување на принципот за коалицирање на „победник со победник” по изборите, стои во соопштението од партијата.
На средбата, Могерини јасно ги повторила изнесените ставови на Европската комисија за актуелните теми и области.
Освен претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, на средбата со Федерика присуствуваа и Никола Попоски, Никола Тодоров, Владимир Ѓорчев, како и Александар Николоски.