ВМРО-ДПМНЕ: Царовска крие дека на една категорија на вработени во градинките им се намалени платите

Жртви на ова ненародно владеење од СДСМ овојпат се вработените во градинките. Царовска крие дека на една категорија на вработени во градинките на почетокот на годината им се намалени платите за околу 900 денари, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-СДСМ прави дискриминација на вработените во овие установи. Покачување има само за даватели на услуги, вработени со високо образование со 240 ЕКТС, a намалување на плати има за административни службеници – вработени со високо образование 240 ЕКТС, стои во реакцијата и се додава:

„Ова е само уште еден доказ дека Царовска не работи ништо освен ширерње на лажни вести. СДСМ и Царовска мора веднаш да си заминат, по што ќе бидат исправени неправдите и сите ќе може да се надеваат на покачување на платата. Република Македонија и граѓаните заслужуваат подобро“.