ВМРО-ДПМНЕ: Царовска со злоупотреба се вклучи во изборна кампања

На дело се спроведува груба изборна злоупотреба и кршење на изборниот законик, каде министерката за труд и социјална политика Мила Царовска се вклучи во изборна кампања и ветува изградба на нови градинки и дава ветувања пред граѓаните, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на министерката Мила Царовска.

„За лицемерието да биде поголемо, таквото ветување го дава во Струмица каде на власт е СДС три изборни мандата по ред, и каде имаше доволно време да се изградат тие градинки кои со години останаа само празни ветувања на општина Струмица и СДС. Граѓаните на Струмица го препознаа неодговорното, лицемерието и неработата на владата на СДС која предизвикува хаос и неизвесност кај граѓаните, и го уназадуваат општеството“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму посочуваат дека граѓаните на Струмица веќе не можат расипничко да дозволат расипничкото управување на Заев и СДСМ повторно да се отслика во Струмица. ВМРО-ДПМНЕ додава деќа струмичани ќе кажат „НЕ“ за Заев, Јанев и СДСМ на 15-ти октомври.