ВМРО-ДПМНЕ: Цените на горивата растат поради лошите политики на СДСМ

Новото поскапување на горивата е директно предизвикано од катастрофалните политики на Владата на СДСМ кога станува збор за акцизите за горивата, обвини опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

„Нивната алчност да го полнат буџетот со парите на граѓаните, буџетот кој го празнат преку криминални тендери и грантови земајќи директно од џебот на народот скапо ќе ги чини граѓаните. Откако СДСМ ја презеде власта во Македонија, акцизата за горивата порасна за 7 денари, а со неа вртоглаво пораснаа и цените на горивата. Наместо во услови на криза што повеќе пари да завршат кај граѓаните тие не бираа начин како да го наполнаа буџетот за да крадат од истиот. Македонските граѓани се жртва на катастрофалните политики на власта. Додека граѓаните бараат начин како да го минат месецот, некој ги брои милионите на сметките од рекетот, криминалните тендери и корупцијата. Ова не е едно општество за сите, ова е општество во кое просперираат само криминалците. На 15-ти јули граѓаните имаат шанса да ги поразат погубните политики на власта. Изборот е помеѓу обнова која ќе ја донесе ВМРО-ДПМНЕ и измама која ја имаме од Заев и СДСМ. Македонија не заборава, и народот ќе ја направи разликата“, наведено е во соопштението.