ВМРО-ДПМНЕ: Дали Нина Ангеловска ги извадила своите 250.000 евра од „Еуростандард банка“ пред затворање?

518

ВМРО-ДПМНЕ потсетува дека Нина Ангеловска кога дојде на позицијата министер за финансии на Република Македонија во својот Анкетен лист пријавила дека има депозит во вредност од 250.000 евра во „Еуростандард банка“.

„Ангеловска треба да одговори дали и пропаднаа 250 илјади евра, пари од заштеда кои самата ги има пријавено, а ако не се, односно истите ги повлекла, со оглед на фактот што тие пари согласно имотниот лист не ги располага веќе во таа банка, тогаш тоа е огромен скандал. Ангеловска е должна да каже дали имала предвреме информација за таквиот  потег. Ова е новиот ТАТ и функционерите од СДСМ мора да кажат каква улога имале во истата“, се вели во реакцијата на ВМРО -ДПМНЕ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.