ВМРО-ДПМНЕ: Дали ова е почеток на крајот на распадот на електро-енергетскиот систем на Македонија?

-Повеќе од две недели по тешката хаварија на БЛОК 3 од РЕК Битола, молк на менаџерскиот тим! Ни трага ни глас од „планските’’ испади и евтиниот ПР за замајување на јавноста дека состојбата е под контрола.
ВМРО ДПМНЕ предупредува дека РЕК Битола е пред колапс! Термоелектраните се во хаотична состојба и работат надвор од технички параметри. Рудниците беа во застој повеќе од 10 дена, но затоа херојски, навремено и плански цвета бизнисот со увозен битуменозен јаглен, кој покрај тешките провизии граѓаните ќе мора да го платат и со тешки хаварии на постројките во РЕК Битола. Котелот на БЛОК 3 е целосно уништен и никој нема план што треба да се направи. Однесувањето и постапките им се хаотични, што резултира со опасност по човечките животи на вработените, објавија од Комисиите на ВМРО-ДПМНЕ.
Деновиве имаме слики како менаџерскиот тим блеска со своите успеси. БЛОК 1 и БЛОК 2 се возат со ‘’неверојатни’’ 148 MW што претставува половина од инсталираниот капацитет или знаејќи дека 10 до 15 % отпаѓа на сопствена потрошувачка двата блока кои моментално работат предаваат МРЕЖ едвај колку ТЕЦ Неготино!
Хаосот и безредието да бидат поголеми, БЛОК1 од денес повторно не е во функција, а Блок 2 има технички проблеми.За хаваријата на котелот на БЛОК 3 се уште се молчи, но дилетанскиот приучен менаџерски тим воопшто не е загрижен за состојбата на блоковите. Гледа само да наплати што повеќе провизии!
Загриженоста е голема бидејќи РЕК Битола е столбот на електро-енергетскиот систем на Македонија, со производство на речиси 80 проценти од електричната енергија во државата.
По повторната хаварија на БЛОК 3, повеќе од јасно е дека ќе мора да се изврши интервентен увоз на електрична енергија, а сметката на крајот ја плаќаме ние, граѓаните.
Ако Блоковите постојано не работат, па мора одново и одново да се поправаат, тогаш за што се дадени неколку стотици милиони евра што власта ги правдаше дека се за реконструкција на блоковите на РЕК?
Нели ќе се подобреше функционирањето на РЕК Битола?

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.