ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев стои зад опожарените возила во Лисиче?

Дали Вице Заев се активира и во Скопје? Дали Вице Заев, братот на Зоран Заев, за кој слушнавме дека давал насоки чие возило да биде опожарено е нарачателот на палењето на возила во Скопје? Аздисуваат ли бандите на власта и дали зад сцената се случува нова мафијашка пресметка, се запрашува ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

 „Скопје повторно станува како Бејрут. Запалени автомобили на секаде, а СДСМ не реагира преку институциите, кои сè уште се под нивна контрола. Ова само говори дека или мафијашите делуваат под нивна наредба или дека се неспособни да се справат со обични криминални  пресметки кои им се случуваат пред нос. Безбедноста во град Скопје е на очајно ниско ниво, а никој за тоа не сноси одговорност. Граѓаните не знаат кога нечие возило ќе биде опожарено, некој од нив ќе биде ограбен или пак ќе биде жртва на криминални банди. Никој не се чувствува безбеден со СДСМ на власт. За трагедијата да биде уште поголема, СДСМ воопшто не може да ја гарантира безбедноста на луѓето. Ова е пракса веќе три години. Криминалот и мафијашките пресметки мора да запрат. За ова мора да има одговорност. Безбедноста на граѓаните е пред сè“, наведено е во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.