ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе бира нов Извршен комитет

Во текот на денешниот ден ќе заседава Централниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ каде се очекува да биде изгласан нов состав на Извршниот Комитет на партијата.

Според информациите Извршниот Комитет ќе биде помал по број од претходните и ќе содржи неколку нови имиња кои ќе му дадат дополнителна тежина и динамичност.

Воедно ќе се потпира и на искуството на луѓе кои долго се во партијата и даваат огромен придонес во теренската работа.

Ќе останат оние неколку членови од претходниот состав на кои мандатот им е се уште не истечен. Новиот Извршен Комитет е дел од пакетот структурални промени кој го започна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски веднаш по одржаните избори.

Централниот Комитет изгласа нов статут кој беше поддржан како најдемократски од Европската народна партија.

Потоа се избра нов претседател на Унијата на млади сили и нов Извршен Комитет на УМС, се распиша оглас за нова претседателка на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, а воедно беа назначени претседатели на значителен број на општински комитети и тој процес ќе продолжи. На седницата на Централниот Комитет ќе се расправа и за прашања поврзани со резултатите на изборите.

Седницата е закажана за во 18:30 часот.