ВМРО-ДПМНЕ денеска организира трибина во Делчево

Денес во 18:00 часот во Дом на култура „АСНОМ“ во Делчево, во рамки на акцијата „Ова е Македонија за сите“, ВМРО-ДПМНЕ организира трибина на тема „Политики за развој на инфраструктурата“.

Говорници на трибината се:

Проф. д-р Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ,
Синиша Ивановски, претседател на Комисија за транспорт и врски на ВМРО-ДПМНЕ,
Миле Лефков, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во македонскиот Парламент,
Бојан Стојаноски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ во македонскиот Парламент

Во воведниот дел на трибината ќе се разговара со:

Иван Гоцевски, претседател на ОК ВМРО-ДПМНЕ Делчево
Александар Китански, градоначалник на Oпштина Пехчево

Трибината ќе се пренесува на официјалниот канал на youtube на ВМРО-ДПМНЕ и официјалниот ФБ профил на Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.