ВМРО-ДПМНЕ: Денеска починаа 46 лица, а Заев и Филипче акаат со мотори

Денеска починаа 46 лица, но тоа не ги засега прво повиканите, Филипче и Заев. Тие наместо грижа за здравјето на граѓаните си возат мотори. Не може тоа никако да се окрактеризира освен како одлепени од реалноста и убијци на сопствениот народ, реагира најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ.

„Нема ниту еден друг случај на премиер на држава и министер за здравство кои во денот кога умираат 46 луѓе тие си возат мотори. Рестораните за нив работат, но за сите останати се затворени. Нема борба против короната, а народот е препуштен сам на себе. Заев и Филипче се одлепени од реалноста, а нивната неспособност се плаќа со здравјето на граѓаните. Владата треба постојано да носи заклучоци и одлуки, но системот не работи затоа што систем не постои. Ако се вакцинираа луѓето во првите месеци од годинава сега луѓето кои денес починаа ќе беа живи. Но тогаш Заев и Филипче бркаа провизии. Вакво дно Македонија нема доживеано досега. Мафија владее со државата“, се вели во партиското соопштение.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.