ВМРО-ДПМНЕ: Деспотовски да си поднесе оставка

ВМРО-ДПМНЕ го повика директорот на Фондот за иновации и технолошки развој, Јован Деспотовски да си поднесе оставка откако сопственичката на фирмата „Стратум Рид“, која ги пишувала проектите на фирмите кои аплицирале за грантови од Фондот признала дека и таа добила милионски грант.

На целата македонска јавност и е јасно дека Фондот за иновации стана фонд за испумпување на парите на граѓаните во џебовите на фирми и поединци блиски до СДСМ. СДСМ го искористи Фондот и парите на граѓаните да исплати медиуми, партиски послушници и функционери, како и носители на високи државни функции. Фондот донесе живот за вицепремиерот Кочо Анѓушев чија фирма доби 160 илјади евра, животот дојде и за пратеникот Хари Локвенец чија фирма исто така доби околу 160 илјади евра, 330-те илјади евра донесоа живот и за снаата на Цветанка Ласкова, советничка за култура на Заев. Фондот донесе живот и за медиумите блиски до СДСМ, кои за својата работа добија компензација со грантови и државни пари. Во овој момент директорот на Фондот за иновации најмалку што може да направи е да превземе одговорност за ваквото скандалозно управување со парите на граѓаните. Директорот на Фондот, Јован Деспотовски мора да ја врачи својата оставка за да не врши притисок врз институциите на системот, кои мораат да донесат правна разрешница на овој општ грабеж на државни пари, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во телефонски разговор за „Сител“ сопственичката на „Стратум Рид“, Весна Кузмановиќ рече дека во овие обвинувања нема никаков конфликт на интереси и оти е горда што за добиените пари и помагала на конкуренцијата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.